24 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАМитревски: Измените на Законот за хонорарите бенефит за многу работници

Митревски: Измените на Законот за хонорарите бенефит за многу работници

zivko-mitrevski

Измените на Законот за хонорарците ќе придонесат за подобрување на законот и од нив бенефит ќе има огромна маса на луѓе, изјави денеска Живко Митревски, претседател на Сојузот на синдикати на Македонија.

Одговарајќи на новинарско прашање, Митревски оцени дека е добро тоа што нивните предлози се прифатени и оти ќе придонесат за подобрување на законското решение.

„Добро е тоа што модалитетите што ги предлагавме со Организацијата на работодавачи се прифатени и ќе придонесат за подобрување на законот“, рече Митревски, додавајќи дека уште од самиот почеток дале поддршка на потребата од донесување на едно вакво законско решение.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар