18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMicrosoft и Samsung постигнаа договор за патентите

Microsoft и Samsung постигнаа договор за патентите

samsung microsoft

Компаниите „Microsoft“ и „Samsung Electronics“ постигнаа договор во спорот околу наплатување на патентите, меѓутоа условите за спогодбата се строго доверливи, објавија од „Microsoft“.

Американски „Microsoft“ минатата година го тужеше јужнокорејски „Samsung Electronics“ пред федералниот суд во Њујорк, обвинувајќи го за кршење на договорот соработка, бидејќи одбивал да плаќа за правата врз патентите, откако американската компанија во септември 2013 година најави купување на одделот на финска „Nokia“ за производство на мобилни телефони.

Каков е договорот меѓу „Microsoft“ и „Samsung Electronics“, не е познато бидејќи тоа е деловна тајна. Меѓутоа, се проценува дека по цена од поет долари по еден уред „Samsung Electronics“ мора да му плати на „Microsoft“ околу 1,6 милијарди долари годишно. Така, бидејќи „Samsung Electronics“ во 2014 година продал 318 милиони паметни телефони, покажуваат податоците на агенцијата IDC за испораките.

Во тужбата „Microsoft“ тврдеше дека „Samsung“ должи 6,9 милиони долари камати за повеќе од милијарда долари неплатени права на патенти.

Јужнокорејците, пак, возвратија дека Американците со купување на „Nokia“ го прекршиле договорот за соработка од 2011 година.

Имено од „Samsung Electronics“ тврдеа дека во 2011 година е договорено дека на „Microsoft“ ќе му плаќаат тантиеми во замена за лиценца за патент кој ги покрива телефони коишто го имаат оперативниот систем Android на „Google“.

„Samsung Electronics“, исто така, се согласи да го развива оперативниот систем Windows за мобилните телефони и да споделува доверливи деловни информации со „Microsoft“, покажуваат судските документи до кои дошле медиумите.

Меѓутоа, откако „Microsoft“ ја купи „Nokia“, стана директен конкурент на „Samsung“ во сферата на хадрвер, па јужнокорејската компании одби да споделува некои чувствителни информации поради можното кршење на конкуренцијата на пазарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП