21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел: Атина мора да понуди одржлив предлог

Меркел: Атина мора да понуди одржлив предлог

merkel-angela-merkel-ang

Германската канцеларка Ангела Меркел во понеделникот изјавила дека грчката влада мора да понуди одржлив предлог за плаќање на своите долгови, како би останала во Еврозоната, пренесуваат германските медиуми.

По средбата со американскиот претседател Барак Обама во Вашингтон, Меркел изјавила дека Германија сака Грција да остане во Еврозоната, но дека таа мора да ги почитува основните правила на спасувачката програма која и беше дадена од меѓународните кредитори.

Германската канцеларка додала дека програмите на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) мораат да бидат основа за сите натамошни разговори.

Меркел навела дека очекува да види што ќе стави Грција на преговарачката маса, веднаш по итниот состанок на министрите за финансии на Еврозоната во вторник.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во неделата изјавил дека неговата влада „ќе ги одржи сите свои ветувања“ од предизборната кампања и дека „ќе го почитува својот долг“, благодарејќи на „преодниот план“ кој таа го бара од европските партнери.

Програмата за кредитната помош за Грција истекува на 28 февруари, а сè уште треба да се преговара околу последната транша од 7,2 милијарди евра, но новата влада не сака продолжување на програмата и веќе ги повлекува мерките за штедење.

Државниот долг на Грција е повеќе од 320 милијарди евра, што е 174 проценти од нејзиниот бруто домашен производ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП