28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСобранието ќе расправа за измените на Законот за хонорарците

Собранието ќе расправа за измените на Законот за хонорарците

sobranie558

Собранието на Република Македонија во вторник ќе ја одржи 36-та седница, на која, меѓу другото, ќе се расправа и за Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, по скратена постапка, поднесен од пратениците Илија Димовски, Талат Џафери, Крсто Мукоски, Александар Николоски.

Покрај тоа, на седницата ќе стане збор и за Предлог на закон за изменување на Законот за работните односи, исто по скратена постапка, како и за Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, повторно по скратена постапка.

Пратениците на седницата треба да дискутираат и за Предлог на закон за изменување на Законот за здравственото осигурување, а дневниот ред се дополнува и со дискусија за Предлог на закон за изменување на Законот за високото образование, по скратена постапка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП