2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција воведува данок на луксуз

Грција воведува данок на луксуз

grcijavremepari514s4a65er

Дел од даночните реформи во Грција ќе биде и воведувањето на данок на луксуз кој ќе се пресметува на имот поголем од 300 илјади евра.

Ова е начин да се замолчат европските доверители на кои им пречи тоа што данокот го избегнуваат оние кои поседуваат најмногу. Овој нов потег ќе го замени единствениот данок на недвижнини кој го воведе претходната влада.

Ќе се воведе и потрошувачки данок на луксузните автомобили, јахти, авиони и раскошот, но се предвидуваат олеснувања за сиромашните.

Така, оние кои имаат приход помал од 15 илјади евра годишно, ќе имаат намалување на сметките за комуналии и недвижнини, ќе се намали данокот за основните прехрамбени производи и обновливите извори на енергија. Предвидени се и олеснувања за семејствата со повеќе деца, зголемување на минималната пензија и личниот доход до 751 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП