2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMitsubishi ќе прави нов седан со помош на Nissan

Mitsubishi ќе прави нов седан со помош на Nissan

mit 3

Пред две недели стана јасно дека „Mitsubishi Motors Corporation“ нема да прави нов седан врз основа на модел на „Renault“. Јапонците пресметаа дека такво нешто е непрофитабилно поради скапиот јужнокорејски Вон, бидејќи машината требаше да се произведува токму во Јужна Кореја.

Според информација на „Automotive News“, сепак тоа не значи крај на соработката меѓу „Mitsubishi“ и алијансата „Renault-Nissan“. Двата производители започнале преговори за создавање на нов седан од сегментот „С“, во чија основа ќе биде модел на „Nissan“.

Првично намерите на јапонскиот производител биле новиот седан да стане наследник на „Galant“, но потоа приоритетите се промениле. Така на преден план излегува производство на наследник на „Lancer“, кој треба да биде пензиониран до крајот на оваа година. Ова ќе биде целосно нов модел на „Mitsubishi“, кој ќе се нуди во целиот свет.

mit 33

Очекувањата се дека ако двете страни се договорат, основата на моделот ќе биде од „Nissan Sentra“ (на фотографијата). Тој е изграден на платформата „V“ со преден погон. За седанот ќе бидат употребени 4-цилиндрични атмосферски мотори од сериите „HR“ и „MR“. Ќе се нуди и 6-брзински мануелен менувач, кој исто така е на „Nissan“.

Основната идеја на „Mitsubishi“ е дека самостојниот развој на нов модел ќе потрае многу време. Додека со помош на „Nissan“ возилото ќе биде целосно подготвено до крајот на годината. Што се однесува до финансискиот дел – во „Mitsubishi“ сметаат дека можат и сами да го финансираат проектот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП