16 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКаменос: Ако нема договор со ЕУ, ќе бараме помош на друго место

Каменос: Ако нема договор со ЕУ, ќе бараме помош на друго место

kamenos 2465

Грчкиот министер за одбрана Панос Каменос изјави дека доколку Грција не успее да постигне нов договор со еврозоната, би можела веднаш да побара помош на „друго место“.

„Она што го бараме е договор. Но доколку договор нема, иако се надеваме дека ќе има и доколку видиме дека Германија останува нефлексибилна и сака да ја растури Европа, тогаш ние имаме должност да преминеме кон планот Б. Планот Б е да побараме финансирање од друг извор“, појасни Каменос во изјава за грчката телевизија.

„Тоа во најдобар случај би можеле да бидат САД, би можела да биде Русија, би можела да биде Кина или друга држава“, нагласи грчкиот министер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП