14 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбама и Меркел разговараа и за Грција

Обама и Меркел разговараа и за Грција

10DIPLO-videoSixteenByNine540-v3

Грција и економскиот раст во еврозоната беа меѓу темите за кои синоќа разговараа американскиот претседател Барак Обама и германската канцеларка Ангела Меркел.

На заедничката прес конференција по состанокот, Обама изјави дека чека да ја слушне проценката на Меркел за тоа како Европа и ММФ можат заедно да работат со грчката Влада за да најдат начин да ја вратат Грција на одржлив развој во рамките на еврозоната, додавајќи дека таквиот раст е клучен за глобалната економија и САД.

Меркел се осврна на утрешниот состанок на Еврогрупата и истакна дека „она што е важно е што ќе стави Грција на маса“ и додаде дека целта на Германија уште од 2010 година е да ја задржи Грција во еврозоната.

Како и да е, основните правила остануваат исти: Грција треба да се труди и останатите ќе покажат солидарност. Програмите се основа за разговори. Јас секогаш велам дека Грција мора да презентира одржлива програма и тогаш ќе разговараме, рече Меркел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП