19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради снегот препорачлива е зимска опрема на Ѓавато

Поради снегот препорачлива е зимска опрема на Ѓавато

1_zimska oprema lanci

На планинскиот премин Ѓавато има забрана за движење на тешки товарни возила, поради снег на коловозот. За останатите видови на возила се препорачува употреба на зимска опрема.

На патниот правец Катланово – Велес после наплатната станица Сопот, поради можен одрон, сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 200 метри. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

На патниот правец Страцин – Крива Паланка, на излез од Страцин во правец на Крива Паланка, поради свлечиште зафатена е третата лента од коловозот во должина од 150 метри. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

На патниот правец Кочани – Македонска Каменица, поради големи одрони од камења, сообраќајот е сеуште во целосен прекин за секаков вид на моторни возила. Сообраќајот се пренасочува преку Виница – Пехчево – Делчево.

Сообраќајот на патните правци Кочани – Зрновци и Тработивиште – Разловци е во прекин поради попуштање на мостовите на реката Брегалница. Алтернативен пат за Тработивиште е стариот пат Делчево – Тработивиште.

Во општина Пробиштип, поради свлечиште и понатаму е во прекин сообраќајот за сите видови моторни возила на патниот правец Киселица – Злетово. Возилата се пренасочени од Киселица – Пробиштип – Леговец – Злетово.

Според информациите од Ј.П. Македонија пат, сообраќајот на сите останати патишта се одвива без забрани, по влажни коловози и наместа со мали остатоци од снег. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП