16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата надминаа 58 долари, OPEC ја подигна прогнозата за побарувачка

Цените на нафтата надминаа 58 долари, OPEC ја подигна прогнозата за побарувачка

rubbermarketnews_RMN_brent_crude_oil_050

Цените на барел сирова нафта на меѓународните пазари во понеделникот го надминаа нивото од 58 долари, откако Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) го прогнозирала дека побарувачката на нејзината нафта оваа година ќе биде поголема отколку што се проценуваше.

На лондонскиот пазар цената на барелот порасна за 35 центи во однос на претходното затворање на тргувањето, на 58,15 долари, а накусо скокна и на 59,06 долари.

На американскиот пазар со барел нафта се тргуваше по 75 центи повисока цена од претходната, од 52,44 долари.

Одвоено OPEC објави дека цената на барел од неговата референтна кошница во петокот изнесувала 53,36 долари, што значи дека пораснала за 2,55 долари во однос на претходниот трговски ден.

Во фокусот на пазарите на почетокот од седмицата беа процените на OPEC дека побарувачката на неговата нафта годинава во просек ќе изнесува 29,21 милион барели дневно, што е за 430.000 барели на дневно ниво повеќе отколку што досега прогнозираа во организацијата. Истовремено ја намалија прогнозата за зголемувањето на снабдувањето од земјите надвор од OPEC, поради, како што се наведува во извештајот, забавувањето на производството на нафта од шкрилци и
намалувањето на капиталните вложувања во енергетските компании. Дополнително пазарите ги поткрепи намалениот број наоѓалишта во САД, кој во минатата седмица се лизнал на 1.140 бушотини, што е најниското ниво од декември 2011 година, а д влијание на ниските цени на нафтата.

„OPEC беше премногу оптимистичен во поглед на снабдувањето од земјите надвор од Организацијата. Разумно е да се намали таа прогноза, имајќи ги предвид актуелните трендови во поглед на бројот на наоѓалиштата“, констатира во анкетата на Reuters Карстен Фритш од франфуртаската „Commerzbank“.

Дополнително расположението го поддржа солидното темпо на вработувања во САД во јануари, со нето отворените 257.000 нови работни места, што значи дека во просек во изминатите три месеца работодавците вработувале 336.000 работници на месечно ниво.

Аналитичарите притоа напомнуваат дека нагорниот тренд на цените веројатно нема да биде прекинат ниту од разочарувачките податоци од Кина, кој покажаа дека извозот во јануари паднал за 3,3 отсто во однос на истиот период минатата 2014 година, додека увозот потонал дури за 19,9 отсто, укажувајќи на можноста и за помала побарувачка на горивата во најголемиот потрошувач на
енергенси во светот.

„Мислам дека цените (на нафтата) малку ќе се спуштат, но нема повторно да потонат на неодамна забележаните ниски нивоа“, истакнува Мајкл Хевсон од „CMC Markets“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП