24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДонаторите планираат 15 милијарди долари за Украина во април

Донаторите планираат 15 милијарди долари за Украина во април

ukraina11111111

Меѓународните донатори планираат во април во Киев да одржат конференција на која што би собрале најмалку 15 милијарди американски долари за да може Украина да се спаси од банкрот и да може да се обнови, изјави во понеделникот европскиот комесар за регионална политика, Јоханес Хан.

Донаторите, вклучително Европската унија, САД, Јапонија, Обединетите нации и развојните банки, уште ланскиот јуни се состанаа за да ги договорат начините за помош на Украина, меѓутоа повеќето од нив бараат од актуелните власти во Киев во прв ред да го состават својот сеопфатен список од свои потреби.

Еврокомесарот за регионална политика, Јоханес Хан нагласи во понеделникот дека Украина донаторите треба да ги смета како инвеститори кои сакаат да заработат на вложеното, а истакна и дека украинската влада ветила дека тој план ќе го заврши до средината на февруари, а а тоа би можело да овозможи да се одреди и точниот датум за одржување на донаторската конференција.

„Настојуваме да добиеме сеопфатен план насоки за Украина. Сакаме да поставиме параметри кои може да се проверуваат на тримесечна основа, не сакаме да даваме пари во дупка без дно“, нагласи Хан.

Меѓутоа, Хан нагласи и дека меѓународните донатори меѓусебно треба да го оформат единствениот список со реформи кои што Украина би морала да ги спроведе, доколку сака да да ги добие парите што и се неопходни, наместо секоја поединечна донаторска земја до Меѓународниот монетарен фонд на властите во Киев да им предава сопствен список со барања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП