27 јуни, 2025
ПочетнаКОМПАНИИНајатрактивните спортски и филмски тв канали шест месеци бесплатно на MaxTV

Најатрактивните спортски и филмски тв канали шест месеци бесплатно на MaxTV

max tv 325

Македонски Телеком креираше нова понуда со која корисниците ќе можат да уживаат во MaxTV и да ги следат најатрактивните спортски и филмски тв канали шест месеци бесплатно

„Понудата важи за сите корисници коишто ќе потпишат нов договор за 3 Max, 3 Max Optic и Family box. Корисниците освен дигиталната MaxTV, со најновата понуда на Македонски Телеком бесплатно ќе можат да ги гледаат најбараните тв канали од Max Sport +, HBO и Max XXX пакетите, зависно од 3 MAX пакетот што го избрале“, информираат од компанијата.

Со оваа единствена понуда, во рамките на HBO пакетот (HBO Home office, HBO Comedy и HBO on demand) корисниците ќе уживаат во најновите блокбастери, хит серии и оригинални хит продукции, како и во неограничен пристап до повеќе од 200 филмови и серии месечно.

Љубителите на спортот пак, со Max Sport + пакетот ќе ги гледаат омилените првенства и натпревари на Arena и Sport klub каналите. Во рамките на Max XXX пакет за возрасни влегуваат Playboy Tv, Brazzers TV Europe и French Lover TV.

По истекот на шест месеци, корисникот повторно може да ги активира дополнителните пакети со редовен месечен надомест. Понудата трае до 31 март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар