17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција: ЕУ не може да се занимава само со санкции

Грција: ЕУ не може да се занимава само со санкции

greece-atina

Грција смета дека Европската унија не може да се занимава само со санкции, и оти треба поголемо внимание да обрати на демократијата и социјалната правда, изјави во понеделникот грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коциас.

„Сметам дека ЕУ не може да се занимава само са санкции и меморандуми, потребно е да се има повеќе демократија, човекови права, социјална справедливост. Потребна е визија за Европа“, изјави за новинарите Никос Коцијас, пред почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија во Брисел.

Притоа, шефот на грчката дипломатија не одговарал на новинарски прашања, додавајќи само дека за  него е неопходно да се преговара – „Тоа важно’, рекол Коциас.

Претходно Коциас изјавуваше дека европските партнери треба да престанат да ги сметаат Европејците само како оние кои се согласуваат со санкциите против Русија. Посочи дека Атина се залага за зачувување на е територијалниот интегритет на Украина, но дека е недозволиво преку санкциите да се растурат институционалните врски со Русија.

Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини во понеделник ќе претседава со состанокот на европските шефови на дипломатиите, на кој се очекува додавање нови имиња на руски функционери и претставници на рускојазичните бунтовници. Но одлуката за построги санкции ќе зависи од постигнување на траен прекин на огнот во Украина.

„Доколку успееме да постигнеме прекин на огнот, да го направиме одржлив и да почнеме да го спроведуваме договорот од Минск, очигледно е дека тоа ќе води до некои одлуки. Доколку не биде тала, одлуките ќе бидат поинакви“, изјави Могерини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП