2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPorsche ја враќа во живот својата легенда (видео)

Porsche ја враќа во живот својата легенда (видео)

9911

Помина повеќе од половина век откако од производната лента излегоа првите примероци на моделот „Porsche 911“.

Благодарејќи на ентузијастите некои од автомобилите од првата генерација и денеска се во возна состојба. Некои примероци, кои инаку би завршиле на отпад, можат да се спасат со рестраврација, а кој подобро би ја завршил таа работа од луѓето кои работат во музејот на „Porsche“.

Музејот со кој во „Porsche“ се гордеат е дом на бројни легендарни и ретки автомобили од историјата на овој германски бренд. За некој од нив да биде изложен, потребно да мине низ рацете на експертите од музејот кои ќе се погрижат возилото пред публиката да дојде во оргинална состојба.

Неодамна во работилницата пристигна еден од најстарите сочувани примероци на „Porsche 911“, кој го има редниот број 57. За жал, автомобилот беше премногу запуштен.

Со цел да му го вратат некогашниот сјај, работниците морале целсно да го расклопат и да биде подложен на детална рестраврација:

Од „Porsche“ велат дека целта им е обновениот „911“ да содржи што е можно повеќе оргинални делови.

Автомобилот има посебна вредност за компанијата со оглед дека е најстариот примерок на „Porsche 911“ кој се наоѓа во сопственост на музејот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП