23 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХрватскиот долг ќе достигне 82 проценти од БДП

Хрватскиот долг ќе достигне 82 проценти од БДП

hrvatskikuni6v5f74btg47paricroatiamoney

Јавниот долг на Хрватска, кој на крајот на октомври минатата година достигна износ од 261,5 милијарди куни, до крајот на годината ќе порасне на приближно 269 милијарди куни или 82 проценти од БДП, односно околу 36 милијарди евра.

Најновите податоци на Хрватската народна банка се во согласност со методологијата ESA 2010, а се однесуваат на вкупниот државен долг, долгот на централната власт, фондовите за социјална безбедност и локалните власти.

Во однос на септември, вкупниот јавен долг во октомври минатата година порасна за 5,6 милијарди куни или 2,2 проценти, додека на годишно ниво забележа раст од 26,4 милијарди куни или 11,2 проценти.

Значителен раст на јавниот долг, од речиси 11 милијарди куни или за 4,4 проценти, е забележан во споредба со крајот на 2013 година.

Како што најголемиот дел од државниот долг е деноминиран во странски валути, претежно во евра, на зголемувањето на износот на долгот деноминиран во домашната валута влијае и растот на еврото во однос на куната за 0,6 проценти годишно.

Од вкупниот износ на долгот, на крајот на минатата година повеќе од 160 милијарди куни, значи 61 проценти од вкупниот износ, се однесуваат на внатрешниот долг, додека 101,4 милијарди куни или 39 проценти, се однесуваат на долгот кон странски доверители.

Имајќи ја во предвид висината на фискалниот минус и доспеаните неплатени обврски, до крајот на годината се очекува дека јавниот долг би можел да достигне ниво од околу 269 милијарди куни или 82 проценти од БДП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП