Во втората половина од 2014 година издадени се 14 одобренија за употреба на градежни објекти, со проценета вредност од 1.688.518 илјади денари.
Според издадените одобренија за употреба, 10 односно 71,4 отсто од вкупниот број на издадени одобренија за употреба се наменети за објекти од високоградба и четири, односно 28,6 отсто за објекти од нискоградба.
Од вкупно 14 објекти, на шест како инвеститори се јавуваат физички лица, а на осум објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во овој период се издадени одобренија за употреба на 54 станови со вкупна површина од 3.630 метри квадратни.