3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајдобрата љубовна фотографија во Веро-Центарот

Најдобрата љубовна фотографија во Веро-Центарот

Vero-centar-naslov

14 февруари, денот на вљубените „Свети Валентин“ на кој се слави љубовта е именуван според еден ранохристијански маченик наречен Валентин. 

Модерните симболи на Денот на вљубените се заоблени срца, гулаби и фигура на крилестиот Купидон.

Како секоја година, така и оваа, Веро-центарот за своите верни потрошувачи има многу изненадувања. По повод денот на вљубените, во Веро-центарот ќе се одржи избор на најљубовна фотографија на највљубените парови.

Vero-centar

Акцијата за фотографирање во љубовната купола во Веро-центарот ќе трае секој ден од 11.00 до 21.00 часот од 9 февруари до 15 февруари, а победникот ќе се прогласи на 15 фебруари во 12.00 часот кога и завршува гласањето.

„Сите фотографии ќе бидат прикачени на ФБ страната на Веро-центарот, а оние фотографии со најмногу лајкови ги очекуваат вредни награди, меѓу кои Љубовен викенд во Банско за двајца“ – изјави маркетинг менаџерот на Веро, Влатко Величков.

Vero-centar2

Бидете доволно вљубени и мотивирани, дојдете во Веро-центарот, направете ја вашата заедничка љубовна фотографија и очекувајте вредни изненадувања.

Првите три  фотографии кои ќе освојат најмногу симпатии на Фејсбук и ќе имаат најмногу лајкови ќе бидат вредно наградени. Ве очекуваме на забава…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП