21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПариз смета дека е неопходно да се осигури финансирањето на Грција

Париз смета дека е неопходно да се осигури финансирањето на Грција

grkis

Неопходно е да се обезбеди финансирањето на Грција, но тоа може да се стори само доколку Атина ги почитува правилата на Европската унија, смета францускиот министер за финансии Мишел Сапен.

„Неопходно е да се осигура финансирањето без коешто Грција ќе биде изложена на милост и немилост на паниката на пазарите, но ние не можеме едноставно да кажеме „финансираме, финансираме““, го цитира AFP францускиот министер за финансии Мишел Сапен.

Истовремено тој истакнува дека суспендирањето на доделувањето на траншите од меѓународната финансиска помош за Атина „е сторено во рамките на почитувањето на прописите во Европската унија“.

Откако во 2010-та година во Грција избувна длабоката должничка криза, земјата беше принудена да бара надворешна финансиска помош за избегнување на огромниот долг од 320 милијарди евра. По две години, Атина постигна договори со т.н. „тројка“ странски доверители, Европската комисија, Европската централна банка (ECB) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), со кој беше отпишан речиси половина од долгот кон приватните доверители, а во замена за 240 милијарди евра помош, во замена за острите мерки за штедење, преку намалување на јавната администрација, намалување на платите, пензиите и повеќе од штетните награди и социјални надоместоци, структурни реформи и приватизација на државната сопственост.

Меѓутоа, по одржувањето на предвремените парламентарни избори од 25-ти јануари, новиот грчки премиер и челник на коалицијата на радикалната левица Сириза, Алексис Ципрас, изјави дека ќе бара отпишување на стотици милијарди евра од долгот кои се потрошени на стабилизирањето на грчкиот суверен долг, а делумно и на финансирањето на буџетските расходи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП