21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБугарските државни службеници кои живеат луксузно ќе докажуваат потекло на приходи

Бугарските државни службеници кои живеат луксузно ќе докажуваат потекло на приходи

bugarijasofija

Бугарските државни службеници кои летуваат на егзотични одморалишта, возат скапи автомобили или живеат полуксузно од тоа што им го овозможува платата, ќе мораат да го докажат потеклото на приходите, пишува бугарскиот весник 24Часа.

Оваа финансиска проверка на службениците кои земале високи кредити или кои брзо се збогатиле е мерка против корупцијата, побарана од бугарскиот премиер Бојко Борисов, се вели во текстот на 24Часа.

Овие мерки треба да започнат да се применуваат во следните шест месеци, а во оние институции каде што има најголем корупциски ризик, предвидено е бројот на инспектори десеткратно да се зголеми.

Во Бугарија годишно поради корупција се осудуваат од 90 до 100 лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП