2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes продолжува во исто темпо и во 2015-та

Mercedes продолжува во исто темпо и во 2015-та

m pro

Германскиот производител на луксузни автомобили во јануари ја зголеми продажбата на возила за 14 проценти, на 125.865 единици, што е рекорден резултат за тој месец.

Најдобриот јануари во историјата на „Mercedes“ е забележан благодарејќи на двоцифрениот раст во Европа и Кина, но и добрата продажба во САД.

На европскиот и кинескиот пазар стапката на раст изнесуваше 14.5 отсто или 47.693, oдносно 28.080 возила.

m pro1

Во САД продажбата на автомобилите на „Mercedes“ во споменатиот месец порасна за 8.9 проценти или 24.619 возила.

Потсетуваме, „Mercedes“ во 2014-та ширум светот испорача 1.650.010 aвтомобили со раст од 12.9%, a рекордна продажба е забележана во секој од 12-те месеци.

Побарувачката за компактни возила со преден погон чинеше повеќе од четвртина од вкупната продажба (463.152 eдиници, +24.7%). Поединечно најпродаван модел на „Mercedes“ во 2014-та беше „C Сlasѕ“ со 316.792 испорачани автомобили.

m pro2

Во 2014-та продадени се и 103.737 примероци на „S Сlasѕ“. Tоа е прв пат во историјата на оваа топ лимузина да се продаде во така голем број во текот на првата година на пазарот.

Сепак, се чини дека вака добрите резултати не беа доволни „Mercedes“ да ги достигне другите два германски производители, „BMW“ и „Audi“, кои исто така забележаа рекордна продажба.

„Mercedes“ oчекува натамошен раст на испораките во 2015-та со оглед дека на апзарот ќе се појават нови модели, пред се „CLA Shooting Brake“ и кросоверот „GLE Coupe“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП