26 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРасте трговскиот дефицит на САД

Расте трговскиот дефицит на САД

kongres sad2

Американскиот трговски дефицит во декември скокна на највисокото ниво во повеќе од две години, бидејќи извозот е намален, а увозот достигна рекордно високо ниво.

Ова го покажаа податоците на Министерството за трговија во Вашингтон.

Министерството наведува дека трговскиот дефицит во последниот минатогодишен месец порасна за 17,1 проценти на 46,6 милијарди долари, што е највисокото ниво од ноември 2012 година, пренесува агенцијата АП.

Извозот во декември е намален за 0,8 проценти на 194,9 милијарди долари, а увозот е зголемен за 2,2 проценти на 241,4 милијарди.

Трговскиот дефицит на САД на ниво на цела 2014 година порасна на 505 милијарди долари, односно за шест проценти во однос на 476,4 милијарди од претходната година.

Економистите прогнозираат дека трговскиот дефицит оваа година ќе продолжи да расте, бидејќи силниот економски раст во САД го поттикнува увозот, додека економските слабости во странство и силниот долар влијаат на падот на извозот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП