8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЌе се санираат штетите од поплавите

Ќе се санираат штетите од поплавите

poplavi 255

По обилните врнежи низ Македонија, нивото на водата почна да опаѓа. Власта најави санација на штетите во понеделник кога ќе се почне со санирање на оштетувањата од поплавите.

„Ќе започнеме со санација на патишта, мостови. На денешниот состанок на Кризниот штаб во Новаци дискутиравме дека за определен период штом се повлече водата ќе треба да почне санација на коритото на реката Црна таму каде што е прекинато и долгорочно истата треба да биде исчистена“, изјави министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески кој ги посети поплавените подрачја во Пелагонија.

Тој додаде во наредниот период будно ќе се следи ситуацијата и дека онаму каде што се повлекува водата во дворовите, Министерството за здравство превентивно со свои екипи ќе врши дезинсекција за заштита од заразни болести.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП