8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија заинтересирана за македонско грозје, јаболка, пипер и домат

Германија заинтересирана за македонско грозје, јаболка, пипер и домат

grozje

Инвестирањето во технологија, иновации и нови хибридни сорти се потребни за влез на европските пазари, велат агробизнисмените од Македонија кои деновиве учествуваа на саемот „Фруит логистика“ во Берлин.

Тие ја гледаат Германија како пазар со голем потенцијал за македонските производи.

Посебен интерес, како што нагласуваат, има за јаболки, грозје, лубеница, краставици, пиперки и домати.

Земјоделците на саемот се запознаа со најновите технолошки достигнувања и иновациите од областа на аграрот, а остварија и бизнис контакти за соработка. Беше организирана и деловна средба со петнаесет откупувачи на земјоделски и прехранбени производи од

Германија заинтересирани за откуп од земјите во регионот.

Земјоделците кои присуствуваа на саемот во Берлин се наградени како најуспешни агро бизнисмени од Прокредит банка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП