18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСрбија чека од ЕУ 1,5 милијарди евра во следните седум години

Србија чека од ЕУ 1,5 милијарди евра во следните седум години

belgradee

Србија во следните седум години од Европската унија ќе добие 1,5 милијарди евра бесповратна помош за различни видови реформи, изјави министерката задолжена за европски интеграции Јадранка Јоксимовиќ.

Таа во изјава за ТВ Пинк рече дека средствата ќе се насочат приоритетно во сообраќајна инфраструктура, енергетика, реформи на државната администрација, земјоделие, животна средина…

„За добивање на тие пари постои јасна и обемна процедура“, изјави таа.

Јоксимовиќ вели дека за првпат оваа година средствата од ЕУ ќе може да ги користат и српските земјоделци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП