ПочетнаИНТЕРЕСНОКадетката Костовска стана европски првак во карате

Кадетката Костовска стана европски првак во карате

kostovska veronika 21

Репрезентативката на Македонија во карате, во кадетска конкуренција, Вероника Костовска, го освои златниот медал на Европското првенство за кадети, јуниори и постари јуниори.

Во дисциплината борби, во категоријата до 54 килограми, Костовска во походот за златниот медал, што е нејзин најголем успех во досегашната кариера, ги совлада Марина Кинореро од Шпанија, Кимберли Нелтинг од Луксембург, Матијана Нелис од Португалија и Ивет Горанова од Бугарија, додека во големото финале со убедливи 5:0 ја победи Французинката Гвендолин Фелипе.

На Европското првенство за кадети, јуниори и постари јуниори кое се одржува во Цирих, Швајцарија, Македонија учествува со 35 натпреварувачи.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП