8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОтежнат сообраќај низ Македонија

Отежнат сообраќај низ Македонија

blokiran pat

Отежнат сообраќај на дел од патните правци во земјава и прекинати линии поради одрони и излевање на реки.

На патниот правец Катланово – Велес после наплатната станица Сопот, одронот е исчистен, но сообраќајот превентивно се одвива по една сообраќајна лента во должина од 200 метри. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

На патниот правец А2 Хиподром – Сарај (обиколница на Скопје), на 7-ми километар кај Смилковци се излева вода на коловозот во двата правци во должина од 10 – 15 метри.

Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација од страна на ЈП Македонија пат и на овој дел од патот се препорачува внимателно управување со возилата и брзина на движење до 30 км/ч.

На патниот правец Страцин – Крива Паланка на излез од Страцин во правец на Крива Паланка, поради свлечиште зафатена е третата лента од коловозот во должина од 150 метри. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

На патниот правец Кочани – Македонска Каменица, поради големи одрони од камења, сообраќајот е во целосен прекин за секаков вид на моторни возила.

Сообраќајот се пренасочува преку Виница – Берово – Делчево.

Поради голем одрон на патниот правец Р-2132 Македонски Брод-Скопје, поточно Близанско – Козјак на 1,6км после браната, има забрана за сообраќај за секаков вид на моторни возила.

Сообраќајот на патниот правец Марвинци – Гевгелија е во прекин поради излеана вода од река Вардар на подвозникот.

Сообраќајот на патните правци Кочани – Зрновци и Тработивиште – Разловци е во прекин поради попуштање на мостовите на реката Брегалница. Алтернативен пат за Тработивиште е стариот пат Делчево – Тработивиште.

Во општина Пробиштип, поради свлечиште и понатаму е во прекин сообраќајот за сите видови моторни возила на патниот правец Киселица – Злетово. Возилата се пренасочени од Киселица – Пробиштип – Леговец – Злетово.

Локалниот пат за с.Покрајчево кој го поврзува магистралниот пат А-4 Радовиш-Струмица, поради излевање на Радовишка Река, сообраќајот е во прекин и истиот се одвива преку с.Подареш-Радовиш.

Регионален патен правец од с.Тополчани кон с.Клепач поради премногу вода е во прекин за секаков вид на сообраќај.

Патниот правец Битола-Старавина Р-1311, 8 км. пред село Новаци затворен е за сообраќај поради висок водостој.

Намалена видливост поради магла има на пат.правци: Страцин – К.Паланка и Кратово – Пробиштип вид. 50-100м. и пл.премин Стража со видливост 60-80м.

Според информациите добиени од ЈП Македонија пат сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП