2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВозилата на Volvo ќе се полнат сами со гориво

Возилата на Volvo ќе се полнат сами со гориво

ny_framsida_voc_customer_R.tif

„Volvo“ започнува да тестира „паметен“ резервоар, кој сам може да повика цистерна за полнење со помош на апликација на смартфонот на сопственикот на возилото. Ова го објави „Daily Mail“ цитирајќи го Клас Бендрик, шеф на одделот за развој во „Volvo“.

Системот функционира вака – кога во резервоарот ќе остане помалку гориво, тој самостојно испраќа сигнал до најблискиот сервисен центар, од каде се испраќа цистерна. Во случајот воопшто не е задолжително сопственикот или возачот на автомобилот да присуствува, бидејќи сервисниот автомобил може сам да го отвори резервоарот со посебен код кој добива од системот.

Интересно е дека во „Volvo“ веќе имаат слична технологија, која е дел од апликацијата „Volvo on Call“. Таа му дозволуваше на возачот, на кој му снемува гориво, со испраќање на сигнал да го повика сервисното возило. Па потоа соодветно да му биде наполнет резервоарот. Новиот „паметен“ резервоар е наменет за оние кои сами не можат да повикаат помош. И наместо нив го прави нивното возило.

Шведскиот производител тестира и друга технологија. Компанијата сака да ги опреми своите автомобили со систем кој може сам да се поврзува со поштари и да прифаќа од нив писма или пакети во отсуство на возачот. Таа, исто така делува врз основа на „Volvo On Call“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП