20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на инфлацијата во Бразил

Раст на инфлацијата во Бразил

brazil1155

Инфлацијата во Бразил во јануари оваа година на месечно ниво порасна за 1,24 проценти, што е највисоката стапка на раст од февруари 2003 година.

Во декември 2014 гoдина инфлацијата на месечно ниво порасна за 0,78 проценти, соопшти Заводот за статистика IBGE.

Јануарската инфлација во однос на истиот месец 2014 година е поголема за 7,14 проценти, додека во цела претходна година растот на потрошувачките цени во Бразил изнесувал 6,41 проценти, односно највисок раст од 2011 година, пренесува АФП.

Бразилската инфлација за 2013 година изнесуваше 5,91 проценти.

Владата на претседателката Дилма Русев, која од 1 јануари е во својот втор мандат како шеф на државата, се обврза дека ќе преземе ригорозна контрола над растот на инфлацијата, најавувајќи воведување на буџетски мерки за штедење за да се поттикне економскиот раст на седмата економија во светот.

Аналитичарите сметат дека меѓу мерките ќе биде и прогресивниот раст на референтната каматна стапка на Централната банка, која во декември минатата година беше зголемена на 11,75 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП