4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ: Турција станува клучен гасен фактор за Европа

ЕУ: Турција станува клучен гасен фактор за Европа

turkey-eu1

Европската унија(ЕУ) има потреба од нов стратешки енергетски сојуз со Турција, бидејќи во иднина оваа земја ќе стане клучен играч во транспортот на гас, рече еврокомесарот за климатски и енергетски прашања Мигел Ариас канете.

Во иднина Русија нема намера да го транзитира ’сивото гориво’ за ЕУ преку територијата на Украина, туку тоа ќе го прави преку Турција и Грција. Според Канете, Европската комисија го разгледува тој проект.

На 1 декември минатата година рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва се откажува од проектот ’Јужен поток’ и наместо него, го предлага ’Турски поток’, преку кој ќе се транспортираат 63 милијарди кубни метри гас по дното на Црното море. Исто така, се предвидува и изградба на гасен центар на турско-грчката граница, каде што количествата гас ќе се распределуваат.

Од своја страна, ЕК од 2009 година се обидува да го фаворизира проектот ’Јужен гасен коридор’, што треба да го транспортира ’синото гориво’ од Каспискиот регион преку Турција за земјите од ЕУ. Тој вклучува во себе два гасовода, Трансанадолски(ТАНАП) и Трансјадрански(ТАП). Тие ќе доставуваат гас од наоѓалиштето ’Шах Дениз 2“, чија експлоатација беше одлагана во неколку наврати и би требало да започне во 2020 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП