8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКредитите од ЕИБ го зголемија производството на 1.400 компании

Кредитите од ЕИБ го зголемија производството на 1.400 компании

money4

Околу 1.400 компании во делот на производство, градежништво, услуги и трговија ги искористија евтините средства кои Владата ги обезбеди од ЕИБ. Досега се обезбедени вкупно 350 милиони евра, при што повлечени се 282 милиони евра.

Со овие средства се овозможи вработување на вкупно 5.868 лица. Од Македонската банка за поддршка и развој информираат дека до средината на овој месец ќе се повлечат дополнителни 11 милиони евра за поддршка на 36 компании, при што ќе се остварат нови 159 вработувања.

Една од фирмите која ја искористи евтината кредитна линија од ЕИБ е и прилепската “Милина Ајс“.

Директорот Бранко Јованоски вели дека со средствата инвестирале во доопремување на линиите за печење кроасани и правење сладолед.

Во 2014 година лансиравме нови производи, како сладоледи и лиснати теста, а неделава почнуваме со печење кроасани. Направивме нови договори со позната фирма од ЕУ за извоз на 120 до 150 илјади парчиња дневно. А годинава ќе извезуваме и сладолед за големите маркети во Европа и Австралија. Станува збор за три до пет милиони евра годишен извоз на кроасани, сладоледи и тесто – вели Јованоски.

Од четвртата кредитна линија на ЕИБ остануваат уште 56 милиони евра за кои можат да аплицираат компаниите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП