20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата скокна над 58 долари

Цената на нафтата скокна над 58 долари

nafta 93939

Цената на нафтата скокна во петокот на светските берзи за речиси два отсто, поттикната од вооружените судири во Либија и од добрите економски показатели од САД кои сигнализираат стабилно закрепнување на најголемиот севтски потрошувач на нафта.

На лондонската берза цената на барелот порасна 1,90 долари во однос на претходното затворање, на 58,47 долари. Во четвртокот го заклучи тргувањето во плус 2,41 долари. На американскот пазар во петокот со барелот се тргува по 1,70 долари повисока цена, од 52,18 долари, а во претходнот ден заврши во плус 2,03 долари.

Во изминатата недела нафтените пазари црпеа поддршка од осетно намаелниот број на активни ископини во САД. Така консултантската компанија  Baker Hughes извести дека просечниот број на ископини во јануари е намален за 199 во однос на декември.

„Намалувањето на бројот на ископини во правило пружа поддршка на цените“, констатира Доминик Хајвуд од Energy Aspects.

Во петокот на нафтените пазари дополнителна поддршка им пружи стравувањето од намалениот извоз од Либија поради вооружените судири, како и добрите економски показатели од САД.

Така најновиот извештај на американската влада покажа дека работодавачите во јануари нето отвориле 257 илјади нови работни места, а ревидираните податоци за ноември и декември кои покажуваат вкупно 147 илјади повеќе работни места од што беше првичната проценка на владата. Тоа значи дека во просек во изминатите три месеци биле отворени 336 илјади работни места месечно, што сигнализира стабилно закрепнување на пазарот на труд.

Овие фактори ја потиснаа во втор план загриженоста поради глобалната презаситеност на пазарот, како и поради одлуката на Садиска Арабија за смалување на официјалните продажни цени за азиските купувачи, на најниско ниво за повеќе од 12 години.

Одделно OPEC на својата интернет страница објави дека цената на барел кошничка негова нафта во четвртокот изнесуваше 50,81 долари, што значи дека паднала за 1,41 долари во однос на претходниот трговски ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП