Европската централна банка (ЕЦБ) и сигнализираше зелено светло на грчката централна банка да одобри итни кредити за грчките комерцијални банки, со што редовното финансирање од ЕЦБ би се заменило со поскапи кредити од матичната централна банка, наведе неименуван извор од една централна банка.
ЕЦБ во средата им го блокираше на грчките комерцијални банки клучиот канал за финансирање, одлучувајќи да не ги прима грчките државни обврзници како обезбедување за заеми. Со тоа ја скрати можноста како колатерал да примат и државни обврзници со неинвестициски рејтинг, што во редовни ситуации не би требало да се чини.
Грчките обврзници имаат таков неинвестициски рејтинг, но ECB- во рамки на меѓународната програма за кредити за Грција овозможи сепак да ги прифаќа како гаранција за редовните кредити на комерцијалните банки.
ЕЦБ повеќе не сака да ги прима грчките обврзници како колатерал бидејќи новата грчка влада сигнализираше дека има намера да отстапи од мерките на штедење договорени со меѓународните доверители во замена за пакет кредити во вкупна вредност од 240 милијари евра.
Како последна можност за финансирање на грчките банки им преостана само програмата за итни заеми за ликвидност (ELA),кои ги одобрува грчката централна банка Тие се поскапи од редовните облици на финансирање, со камата од 1,55 отсто во однос на 0,05 отсто колку што изнесуваат во случај на редовно кредитирање.
Националните централни банки на членките на еврозоната – со одобрение на ЕЦБ-може да одобрат вакви кредити на комерцијалните банки кои имаат „привремени проблеми со ликвидноста“, при што ги преземаат на себе трошоците и ризикот за ваков облик на поддршка.
Во четвртокот неименуван извор го потврди извештајот на германскиот весник Die Welt дека на грчките комерцијални банки им е одобрен пристап до итни кредити од матичната централна банка во вкупен износ од 60 милијарди евра. За споредба, кон крајот на декември кај ЕЦБ беа задолжени 56 милијарди евра.
Со тоа нивните досегашни кредити кај ЕЦБ практично во целост се заменети со итни кредити кај грчката централна банка, пишува Die Welt. Досега грчките комерцијални банки наводно искористија само пет милијарди евра од програмите за итни кредити, додава германскиот весник.
Портпаролот на ЕЦБ не сакааше да ја коментира оваа информација, додава германскиот весник.