26 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВо 2015-та Mercedes ќе ги обнови сите SUV возила

Во 2015-та Mercedes ќе ги обнови сите SUV возила

krosover meckat

Крајот на 2014-та година германскиот производител ја одбележа со лансирање на целосно нов кросовер – „GLE Coupe“, а во текот на 2015-та ќе бидат претставени и новите или редизајнирани верзии на „SUV“ моделите „GLK“, „ML“ и „GL“.

На редовната годишна конферненција за новинарите, раководството на „Mercedes“ главно беше фокусирано на финансиските резултати во 2014-та, но се споменаа и новите модели.

Германскиот производител потврди дека 2015-та ќе биде година за обнова на „SUV“ гамата на возила. Актуелниот „Mercedes GLK“ ќе добие свој наследник, кој според новата номенклатура ќе го промени името во „GLC“.

Покрај тоа, третата генерација на „Mercedes ML“, која имаше премиера во 2011-та година, ќе претрпи редизајн и така ќе ја добие новата ознака – „GLE“.

На крајот, ќе биде освежен и најголемиот „SUV“ модел на „Mercedes“, „GL Сlasѕ“.

Втората генерација на ова возило во продажните салони е од 2012-та, а до крајот на годината ќе биде претставена и редизајнираната верзија, а „Mercedes GL“ ќе се продава под новото име – „GLS“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП