18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманското индустриско производство порасна четврти месец по ред

Германското индустриско производство порасна четврти месец по ред

germanija-berlin

Германското индустриско производство повторно благо порасна во декември, четврти месец по ред, а скокот на новите индустриски нарачки сигнализира јакнење на закрепнувањето во наредните месеци, покажуваат податоци на министерството за економија и технологија.

Сезонски прилагоденото индустриско производство порасна во последниот квартал од 2014 година за скромни 0,1 отсто во однос на претходниот месец кога според ревидираните податоци на минисерство беше забележан идентичен раст.

Првичните податоци укажуваа на пад на индустриското производство во ноември за 0,1 отсто.

Ова значи дека производството растело четири месеци по ред, што е прв пат од почетокот на 2011 година, што значи дека по слабиот период во летото 2014 година повторно уследи благ нагорен тренд, констатираат во министерството.

Најсилен раст имало во секорот преработувачка индустрија, додека товар бил градежниот сектор каде активностите бележат намалување.

Одвоено во петокот од министерството е објавен и податок за скок на индустриските нарачки во декември за 4,2 отсто во однос на претходниот месец што сугерира дека закрепнувањето во наредните месеци би можело да засили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП