19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООд Металург замина сите првотимци

Од Металург замина сите првотимци

metalurg-444

Претседателот на ракометниот клуб Металург Левче Китевски на прес конференцијата која се одржа во петокот соопшти кои играчи си заминаа од клубот.

Она што се шпекулираше доби потврда од Китевски, дека од клубот заминуваат Наумче Мојсовски, браќата Маркоски, Ванчо Димовски, Гоце Георгиевски, Дејан Манасков, Ацо Јоноски и Филип Миркуловски.

„Сеуште е неизвесна иднината на Ренато Вугринец, за него подетални информации ќе имаме во текот на денот. Правевме секакви напори, но тоа не зависеше од управата или од тренерот. Клубот сигурно нема да го затвориме, имаме проблеми со спонзорите, но со комбиниран состав ќе ја завршиме сезоната. Ние уште од минатото лето тргнавме со подмладување на тимот, се случи тоа што се случи. Најтешко му е на сопственикот кој долги години го спонзорираше тимот, сега се прават напори да се доигра сезоната, да избориме место во ЛШ. Не е во ничии интерес Металург да згасне, ние ќе сториме се тоа да не се случи“, рече Китевски.

Кризата во Металург започна во октомври минатата година, прв кој замина беше миленикот на навивачите голманот Станиќ, а откако играчите стапија во штрајк клубот го напуштија странците Атман, Коциќ, Борозан, Липовина, Марсениќ, Циндриќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП