29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПриходите на Twitter пораснаa, загубата намалена

Приходите на Twitter пораснаa, загубата намалена

twitter

Twitter  во последното тромесечје од минатата година остарил загуба од 125 милиони долари, помалку од очекуваното, додека приходите на социјалната нрежа пораснале за 97 отсто во однос на истиот период лани.

Според деловниот извештај објавен во четвртокот, приходите на Twitter достигнаа во претходниот квартал 479 милиони долари, што е повеќе од предвидувањата на аналитичарите, додека во истиот период од претходната година приходите изнесувале 243 милиони. Ова најмногу се должи на 97-отстотниот раст на приходие од огласувањето, кои достигнаа 432 милиони долари.

На крајот од минатата година Twitter имаше 288 милиони активни месечни корисници, што е за 20 отсто повеќе во однос на претходната година.

Сепак, во последниот кватал од минатата година бројот на корисници пораснал за само 4 милиони во однос на претходното тромесечја, што претставува значително забавување. Во претходните три квартали бројот на корисници растел од 13 до 16 милиони.

Извршниот директор на компанија, Дик Костоло тврди дека дека во првиот квартал од годината бројот на корисници ќе го достигне нивото од првите три тромесечја од минатата година. Тој проценува и дека приходите на Twitter во тековниот квартал ќе достигнат помеѓу 440 и 450 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП