6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAlpine Vision GT: Автомобил или вселенско летало? (видео)

Alpine Vision GT: Автомобил или вселенско летало? (видео)

apline 5

„Renault“ неодамна најави дека првиот спортски модел од обновениот бренд „Alpine“ ќе започне да се произведува во 2016-та година. До тогаш, љубителите на овој легендарен автомобилски бренд можат да уживаат во дизајнерската студија „Renault Alpine Vision GT“, која е создадена за „Gran Turismo 6“.

Во последно време многу производители на автомобили дизајнираат нови, виртуелни спортски модели кои се појавуваат исклучиво во видео игри. По правило, станува збор за футуристички обликувани автомобили на кои дизајнерите ги тестираат границите на својата фантазија.

„Renault“ неодамна го претстави концептот „Alpine Vision GT“ кој повеќе личи на летало од некој од филмовите од серијалот „Star Wars“, отколку на автомобили.

Покрај виртуелната верзија, компанијата изработи и макета на ова возило во природна големина, која на крајот на јануари беше изложена во Париз:

Со оглед дека не станува збор за функционален автомобил, „Alpine Vision GT“ може да се гледа како уметничко дело, кое најверојатно ќе заврши во некој музеј.

Меѓутоа, кога овој автомобил еден ден навистина ќе се појави на патиштата и тркачките патеки, тој би имал маса од 900 kg и 4.5-литарски „V8“ мотор.

Моторот би бил сместен во задниот дел од возилото и би произведувал 450 ks при 6.500 вртежи, додека максималниот вртежен момен ќе изнесува 580 Nm и ќе биде достапен на 2.000 o/min.

Моќта ќе се пренесува на задните тркала со помош на седумстепениот секвенционален менувач, а „Alpine Vision GT“ ќе биде во состојба да развие 320 km/h.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП