19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРастот на цената на нафтата и Pfizer го поттикнаа Волстрит

Растот на цената на нафтата и Pfizer го поттикнаа Волстрит

volstrit

Берзанските индекси пораснаа во четвртокот на Волстрит, благодарени на закрепнувањето на цената на нафтата, а позитивно на пазарот влијаеше и веста дека Pfizer ја преземал фармацевтстката компанија Hospira.

Dow Jones скокна 211 поени или 1,20 отсто, на 17.884 поени, додека S&P 500 порасна 1,03 отсто, на 2.062 поени, а за толку зајакна и Nasdaq, достигнувајќи 4.765 поени.

Најмногу за 1,5 отсто, вчера скокна индексот на енергетскиот сектор благодарени на закрепнувањето на цената на нафтата, бидејќи инвеститорите се надеваат дека стимулативните мерки на кинеската централна банка ќе поттикнат раст на локалната економија, што би тревало да ја зајакне побарувачката за црното злато.

Откако претходниот ден потона за 9 отсто, цената на американскиот пазар скокна за 4,2 отсто, на 50,45 долари по барел.

Позитивно на пазарот влијаеше и веста дека Pfizer за 15 милијарди долари ќе ја преземе Hospira за да го зголеми своето портфолио на генерички лекови.

Цената на акцијата на Hospira скокна за 35 отсто, додека цената на акцијата на најголемата светска фармацевтска компанија поскапе речиси три отсто.

Стивнаа и загриженоста на инвеститорите во врска со грчките долгови ден пред одлуката на Европската централна банка (ЕЦБ) дека повеќе нема да прифаќа грчки обврзници за осигурување на заеми, што значи дека грчката централна банка ќе мора сама да осигурува десетици милијарди евра итни заеми за да им помогне на локалните банки во потешкотиите.

Грчката влада под водство на Сириза предложи програма за премостување до крајот на мај за да се добие на време за преговорите помеѓу Атина и меѓународните кредитори за грчките долгови, истакнувајќи дека ќе стори се за да избегне банкрот.

„Берзата се обидува да протолкува како ќе се расплете ситуацијата со Грција.

Некои очекуваат дека разговорите би можеле да пропаднат, но ќе видиме. Во секој случај, краткорочно се чини дека нема да има огномет“, вели Бред МекМилан, директор во компанијата Commonwealth Financial.

Инвеститорите ги охрабрија и добрите податоци  од американскиот пазар на труд, сооглед дека минатата недела бројот наови барања за помош на невработени порасна помалку од очекуваното. Тоа го поддржа уверувањето на инвеститорите дека извештајот на владата, кој ќе биде објавен во петок, ќе покаже дека вработеноста и натаму силно расте.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП