15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоддршка од САД за членството на Македонија во НАТО

Поддршка од САД за членството на Македонија во НАТО

makedonija nato 25

Македонија е подготвена веднаш да ги преземе обврските кои произлегуваат од полноправното членство во НАТО алијансата, а земјата продолжува со својот придонес во меѓународните мировни мисии, меѓу кои и мисијата „Одлучна поддршка”.

Па така се одржува континуитетот во поддршката за воспоставување на мир, демократија и просперитет на глобално ниво, истакна во четвртокот министерот за одбрана на Зоран Јолевски на средбата со американскиот заменик помошник секретар за Европа и Евроазија, Хојт Брајан Ји.

Јолевски и заменик-помошникот секретар Ји разменија мислења и за реформските процеси во Армијата, како и за безбедносната состојба во регионот на Југоисточна Европа и пошироко.

Во четвртокот Јолевски оствари средби со неколку американски сенатори и тоа сенаторот Том Котон, сенаторот Патрик Лејхи и сенаторот Џејмс Инхоф, кој е еден од најстарите членови на Комисијата за одбрана.

На средбите Јолевски посочи дека интеграцијата на Македонија во НАТО позитивно ќе влијае на развојот и на целосната стабилизација на Југоисточна Европа. Имајќи го тоа на ум, додаде министерот, Македонија напорно работи на постојаниот развој на сите сфери во општеството, особено сферата на одбраната и безбедноста.

Во таа насока Јолевски истакна дека соработката со САД и нејзината Армија се од големо значење за Армијата на Република Македонија.

Членовите на американскиот Сенат на средбите со Јолевски дадоа недвосмислена поддршка за членството на Македонија во Алијансата и изразија благодарност и исклучително високо мислење за способностите на припадниците на АРМ покажани во мисиите во Авганистан и Ирак.

Во рамки на посетата, Јолевски во петок ќе се сретне со Саманта Смит,  Директор за Балканот, Црноморскиот регион и Кавказот во Советот за национална безбедност на Белата куќа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП