19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо прекин сообраќајот Кочани-М.Каменица, отежнато на делницата Катланово-Велес

Во прекин сообраќајот Кочани-М.Каменица, отежнато на делницата Катланово-Велес

mkd-24147

Собраќајот на патниот правец Кочани-Македонска Каменица поради големи одрони од камења е во целосен прекин за секаков вид на собраќај, соопшти Македонијапат.

Собраќајот се пренасочува преку Виница-Берово и Делчево.Сообраќајот кај клучка Марвинци – Гевгелија е во прекин поради излевање на река Вардар на коловозот.

На влезот на Богданци од правец на Гевгелија, во должина од 300 метри, сообраќајот е во прекин поради експлозија во фабриката за полнење гас. Во моментов, сообраќај се одвива по стариот пат.

На патниот правец Катланово-Велес, после наплатната станица Сопот, кај потпорниот ѕид, исчистен е одронот, сообраќајот превентивно се одвива по една коловозна лента, поставени се соодветни сообраќајни знаци.

Сообраќајот на патните правци Кочани – Зрновци и Тработивиште – Разловци е во прекин поради попуштање на мостовите на река Брегалница.Алтернативен пат за Тработивиште е стариот пат Делчево-Тработивиште.

Во општина Пробиштип, поради свлечиште и понатаму е во прекин сообраќајот за сите видови моторни возила на патниот правец Киселица – Злетово. Возилата се пренасочени од Киселица – Пробиштип – Леговец – Злетово.

Локалниот пат за с.Покрајчево кој го поврзува магистралниот пат А-4 Радовиш-Струмица, поради излевање на Радовишка Река, сообраќајот е во прекин и истиот се одвива преку с.Подареш-Радовиш.

Регионален патен правец од с.Тополчани кон с.Клепач поради премногу вода е во прекин за секаков вид на сообраќај.

Патниот правец Битола-Старавина Р-1311, 8 км. пред село Новаци затворен е за сообраќај поради висок водостој.

Сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловози. Појава на магла со видливост до 20 метри има на патниот правец кон Попова Шапка.

На учесниците во сообраќајот им се препорачуваме внимателно управување со возилата,почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП