16 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК очекува пад на рускиот БДП од 3,5 проценти во 2015

ЕК очекува пад на рускиот БДП од 3,5 проценти во 2015

pad-ekonomski-pad

Европската комисија (ЕК) очекува пад на бруто домашниот производ (БДП) на Русија од 3,5 проценти во 2015 година и раст од 0,2 проценти во 2016 година, се наведува во вчера објавената зимска економска прогноза на ЕК.

Според претходната прогноза на ЕК, се очекуваше раст од 0,3 проценти во оваа и 1,2 проценти во 2016 година, пренесува агенцијата Тас.

Европската комисија истакна дека таа прогноза е подложна на промени поради цената на нафтата и финансиската стабилност на која влијае „слабиот биланс на компаниите од банкарскиот и корпоративниот сектор поради падот на рубљата и ограничениот пристап на финансиските пазари“.

Инфлацијата во Русија, според прогнозата на ЕК, во 2015 година ќе достигне 9,5 проценти, а во наредната година ќе се намали на седум проценти.

Во ЕК предвидуваат дека нивото на државниот долг на Русија оваа година ќе порасне на 19,5 проценти од БДП, од 15,9 проценти во 2014 година. За наредната година ЕК прогнозира понатамошен раст на задолженоста на Русија до 20,5 проценти од БДП.

И во тој случај, нивото на задолженост на Русија ќе остане повеќе од четири пати пониско од задолженоста на државите во Европската унија, која оваа година ќе достигне 88,3 проценти.

Задолженоста на земјите од еврозоната во 2015 година ќе изнесува 94,4 проценти од нивниот вкупен БДП, наведува Тас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП