ПочетнаЕКОНОМИЈАНов гувернер на Централна банка на Албанија Гент Сејко

Нов гувернер на Централна банка на Албанија Гент Сејко

gent-sejko-albanija-guverner

Албанскиот парламент доцна синоќа за нов гувернер на Централна банка на Албанја го избра Гент Сејко.

За указот на претседателот Нишани гласале 105 патеници, тројца биле против а четвроица воздржани.

По скандалот со грабежот на над седум милиони долари од банкарскиот трезор, во средината на септември лани, Централна банка на Албанија беше без гувернер.

Сејко има дваесет годишно банкарско искусто. Дипломирал на економскиот факултет на Универзитетот во Тирана, во 1991 година,магистрирал на Унверзитетот во Глазгов а докториал на тема„Улогата на банките и нивна приватизација во трнзициските економии“.

Работел во Централна банка на Албанија, како и во други странски банки во Албанија. Од јули 2010 година е заменик генерален дирекор на „Сосиете женерал Албанија“.

Мандатот на гувернерот е седум години со право на реизбор.

Неговиот претходник,Ардиан Фулани, кој е во домашен притвор, кога изби скандалот го тераше вториот мандат на гувернер.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП