19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКосовската Влада планира да ги отпише сите долгови на граѓаните и фирмите...

Косовската Влада планира да ги отпише сите долгови на граѓаните и фирмите до 31 декември 2008-ма

kosovo vlada2

Косовската Влада одлучи денеска да формира комисија, која ќе ја разгледа можноста за отпишување на сите долгови на граѓани и фирми кон институции и државни претпријатија од 1999 до 31 декември 2008 година.

„2008-ма беше година на големи промени на Косово, прогласена беше независност, усвоен беше Уставот и законите почнаа да се применуваат“, изјави министерот за финансии Авдулах Хоти, кој нагласи дека сега на косовските граѓани им треба нов почеток, да се ослободат од минатото и да се посветат на иднината.

Тој прецизираше дека во рок од еден месец комисијата ќе направи оценка на долговите кон даночната служба и царинците и неплатени сметки за струја, вода, греење и отпад.

Хоти истакна дека таа мерка се применува со цел да се олесни дејноста на фирмите и животот на граѓаните на Косово.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП