29 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВаруфакис во Берлин: Не ја понижувајте Грција

Варуфакис во Берлин: Не ја понижувајте Грција

part-dv-dv1956556-1-1-1

Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис не успеа да најде заеднички јазик со неговиот германски колегата Волфганг Шојбле во врска со предлозите на Атина за избегнување на банкрот, јави дописникот на МИА од Берлин.

Германија мора допрва да се увери колку е тешка состојбата во Грција и каков напредок е направен, изјави Шојбле на заедничката прес конференција со Варуфакис по двочасовната средба во германското Федерално министерство за финансии.

Шојбле изјави дека го почитува изборот на грчкиот народ за тоа кој да го води во наредниот период, но во исто време рече дека Грција како држава мора да ги почитува договорите што се предходно направени со меѓународните партнери.

Варуфакис од домаќините не побарал простување на долговите, туку само помош за премостување на периодот до мај оваа година, во кој Атина очекува да се стабилизира грчкиот финансиски и банкарски систем и да се дојде до „нов договор“ со кредиторите.

Во своите оценки за однесувањето на европските партнери Варуфакис го употреби зборот „агностика“, а за да ја објасни состојбата во Грција го употреби и зборот „дијалектика“, омилен на големиот германски философ Хегел.

Варуфакис побарл од домаќините Грција да не биде понижувана.

Едно од прашањата поставени на прес­конференцијата се однесуваше на случаите на корупција во Грција во кои што се инволвирани германски компании, при што беше спомената фирмата „Сименс“. На прашањето поставено од грчките новинари кои беа во придружба на Варуфакис, Шојбле одговори дека секаде, дури и во Германија, има корпуција, но дека секој во еврозоната треба да си ја врши својата работа и притоа секоја членка на еврозонната мора да ги почитува договорите за да се зачува довербата.

На ставот на Шојбле, Варуфакис одговори дека секој треба да ја гледа својата работа, но дека има исклучоци затоа што со отворените граници за финансиите во еврозоната е многу потешко да се врши контрола на корупцијата, индиректно напаѓајки ги банкарските механизми и правила што важат во еврозоната каде, според него, не треба да има имунитет за никого.

Предходно, германскиот министер за финансии најави дека Берлин е подготвен да и помогне на Грција да се бори против даночната евазија и дека 500 германски експерти се подготвени веднаш да заминат во Атина. Варуфакис немаше забелешка на изјавата на домаќинот, според кого, изворот на грчките проблеми лежи во Грција, а не во Европа и сигурно не во Германија.

Варуфакис одговарајќи на прашање рече дека две третини, односно 67 отсто, од сегашниот договор со кредиторите е прифатлив за Владата во Атина, но дека остатокот не дава можност за развој.

Тој не ги допира најтешките случаи на корупција и го става враќањето на долгот пред обнова на грчката економија, што значи дека земјата никогаш нема да се опорави од кризата, изјави Варуфакис.

Во неколку наврати тој спомена дека новата грчка Влада се уште не положила заклетва пред Парламентот, што е една од причините зошто досега не се разговарало со Германија, која според него не е изоставена од дипломатските потези на Грција, што го потврдува и неговата денешна посета на Берлин.

Грчкиот министер во неколку наврати заигра и на емотивна карта пред германските новинари, нагласувајќи дека Берлин е духовен дом на сите Грци, дека Германија направила огромна работа во борбата со нацизмот и дека затоа сега кога тој треба да се врати во земјата каде трета најсилна партија е нацистичката, Германија треба да има разбирање за проблемите на Грција.

Грчкиот министер сепак не можеше да се воздржи и на Шојбле и на европската јавност им кажа дека парите што во последниве четири години Европејците и ги дале на Грција се пропаднати.

Европа покажа голема солидарност, но парите беа погрешно потрошени затоа што пропаднаа во финансиската дупка што не носи развој, рече Варуфакис.

Тој се осврна и на негативните идеолошките предрасуди за неговата партија, при што нагласи дека и покрај тоа што Грција избра левичарска Влада, која не е популарна во Унијата, Европа треба да работи со неа во интерес на сите Европејци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП