25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОдложено воведувањето фискални со ГПРС за таксистите

Одложено воведувањето фискални со ГПРС за таксистите

taxi

Такси превозниците добија пролонгирање на рокот за инсталирање фискални апарати со ГПРС уред. Рокот, согласно Одлуката на Владата, за 9.000 авто­такси превозници се продолжува до 31 декември 2015 година.

Рокот за сите други обврзници за да инсталираат вавки уреди беше до 31 јануари 2015 година. Управата за јавни приходи со ставањето во функција и имплементација на новиот интегриран систем за фискализација и воведувањето на 54.555 фискалните апарати со ГПРС, отпочна со он­лајн следење на готовинскиот промет од секој фискален апарат, односно следење на финансиските извештаи и прометот на даночните обврзници во реално време.

Сите даночни обврзници кои вовеле фискален апарат со ГПРС уред, потребно е да отпочнат процедура за дерегистрација на старите фискални каси доколку не го сториле тоа досега.

Дерегистрацијата на старите фискални каси без ГПРС се врши со поднесување пријава за престанок на регистрација на фискален систем на опрема (образец ФА­03) која може да се преземе од веб страницата на УЈП (преземи http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/13).

Во договор со овластениот производител, образецот ФА­03 во име на даночниот обврзник може да го поднесе и овластениот производител од каде е набавен фискалниот уред.

Пополнетата Пријава “ФА­03“ може да се поднесе и до даночните канцеларии на УЈП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП