18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКомпаниите можат да аплицираат за програмата „Еразмус плус“

Компаниите можат да аплицираат за програмата „Еразмус плус“

nesto 5

Компании членки на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) учествуваа на Инфо денот одржан во Скопје како дел од новиот циклус на промотивни активности за програмата „Еразмус плус“ во организација на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (НА) и ССК.

Директорот на НА, Дарко Димитров најави дека ќе продолжи соработката со ССК и останатите компании во Еразмус плус.

„Во соработка со ССК организиравме Инфо ден преку кој сакаме да ги презентираме начините и можностите кои ги имаат компаниите во Македонија во сегментот на програмите на ЕУ, особено за програмата Еразмус плус. Се работи за можности од исклучително значење за компаниите кои преку вклучување во програмата Еразмус плус можат да добијат соодветно зголемување на стручните компетенции на своите вработени, како и да се вклучат во најразлични проекти преку кои ќе можат да имплементираат прарктики, трансфер на знаења и технологии, но и да учествуваат во високо образовните сегменти“, изјави Димитров.

Оперативниот директор на ССК, Александар Зарков истакна дека ова е можност компаниите да аплицираат за програмата Еразмус плус, во делот на практична работа, трансфер на знаења и вештини, како и имплементација на иновативни технологии.

„Збогатување и надоградба на вештините и компетенциите на кадарот е предуслов за поголема конкурентност на пазарот на труд. Праксата покажала дека квалификуван кадар со адекватно знаење и вештини побрзо наоѓа работа и е подготвен да одговори на предизвиците“, рече Зарков.

Сите учесници на денешната работилница беа охрабрени да земат директно учество во трите клучни акции наменети за учењето преку индивидуални мобилности, соработка за иновација и размена на добри практики, како и поддршка на реформата на политиките кои ги покриваат сите типови на активности.

Еразмус плус како програма им нуди на заинтересираните да партиципираат во друга програмска држава за учење, стажирање, предавања воедно да обучуваат или развиваат професионални вештини и компетенции, но и да развиваат билатерални и мултилатерални партнерства, зависно од секторот.

Вкупниот буџет за Еразмус плус изнесува 14,7 милијарди евра, зголемувајќи го претходно постоечкиот буџет за сите програми за 40 отсто. Нуди зголемени можности за учење во странство за ученици и наставен кадар. Грантираните проекти ќе обезбедат обука за приближно четири милиони лица и 125.000 организации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП