6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗInfiniti ја најави премиерата на концептот QX30

Infiniti ја најави премиерата на концептот QX30

infiniti-q30-concept

Јапонскиот производител на луксузни автомобили „Infiniti“ ја откри првата слика на моделот „QX30“, чија премиера ќе се одржи за време на претстојниот саем во Женева.

Моделот на фотографијата е концепт кој сепак речиси не се разликува од производствениот модел, кој треба да се појави на пазарите пред крајот на оваа година.

Кросоверот „QX30“, како и хечбекот „Q30“, ја користат платформата „MFA“ на „Mercedes-Benz“, на која се изградени новите „A-Class“ и „GLA“. Тоа значи дека моделите на јапонската марка ќе имаат корист од четири бензински и дизел мотори на „Daimler“, како и дека ќе се нудат со преден или „AWD“ погон.

Од „Infiniti“ го дефинираат овој модел како „нов премиум кросовер со компактни димензии, кој е насочен кон нова генерација на клиенти“.

Од сликата пак, станува јасно дека „QX30“ има динамичен дизајн во стилот на спортско купе. Моделот демонстрира врвни задни LED светла, широки лакови на тркалата и двоен издувен систем, поделен од дифузор.

Сите детали за најмалиот кросовер на „Infiniti“ ќе станат познати во почетокот на март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП