20 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАРоманија без излез: Намалена клучната каматна стапка

Романија без излез: Намалена клучната каматна стапка

bnr

Романската Централна банка ја намали референтната каматна стапка на нов историски минимум, за да ја оживее инфлацијата која е на најниското ниво во последните шест месеци.

Народната банка на Романија ја намали клучната каматна стапка за 25 базични поени, на 2,25 проценти, од претходното ниво од 2,5 проценти, пренесува Блумберг.

Централната банка очекува дека комерцијалните банки ќе започнат да даваат повеќе кредити и така ќе ја поттикнат втората најсиромашна економија во Европската унија. Покрај тоа, банката настојува да го запре падот на инфлацијата, која ја намалува се поевтината нафта.

Во декември 2014 година инфлацијата во оваа земја била 0,8 проценти на меѓугодишно ниво. Централната банка предвидува дека до крајот на оваа година би можела да се зголеми на 2,2 поценти.

Народната банка на Романија има доволно простор за понатамошно намалување на клучната каматна стапка до ниво од два проценти, сметаат аналитичарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП