
Од „Porsche“ официјално најавија дека немаат намера да се разделат со традицијата да прават „радикални спортски автомобили со две врати“. Последен доказ за тоа е модификацијата на моделот „Cayman“ кој доби дополнителни 45 кѕ.


Од „Porsche“ официјално најавија дека немаат намера да се разделат со традицијата да прават „радикални спортски автомобили со две врати“. Последен доказ за тоа е модификацијата на моделот „Cayman“ кој доби дополнителни 45 кѕ.

Новата верзија на „Porsche Cayman“ со додаток „GT4“ се потпира на 3.8-литарски бензински мотор со моќност од 385 кѕ. За споредба најсилната модификација на моделот до моментов – „GTS“, располага со 340 кѕ. Со рачен менувач новата верзија на моделот забрзува од 0 до 100 км/ч за 4.4 секунди, додека „Cayman GTS“ со пакет „Sport +“ го прави истото за 4.7 секунди.

Максималната брзина на „Cayman GT4“ e 295 км/ч. Автомобилот добил суспензија која е намалена за 30 мм, а исто така и повеќе моќни сопирачки механизми, позајмени од најекстремната верзија на „Porsche 911“.

Сето ова помогна на машината да ја извози патеката Нирбургринг за 7 минути и 40 секунди, а сличен резултат запишаа и суперавтомобили, како „Mercedes-Benz SLS AMG“ и „Lamborghini Murcielago LP640“.

Промените во надворешноста на новата верзија на „Cayman“ се најмногу за аеродинамиката. Зголемени се отворите за воздух и задниот браник, а освен тоа возилото доби и фиксен спојлер, како и нови седишта и спортски волан.

Продажбата на „Porsche Cayman GT4“ во Европа ќе стартуваат напролет по цена од 85.779 евра. Во САД возилото е проценето на 84.600 долари.