21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГодишната добивка на BNP Paribas забележа пад за 97%

Годишната добивка на BNP Paribas забележа пад за 97%

 

paribas 00

Француската банка „BNP Paribas“ забележа пад од 96.7 отсто на годишната нето добивка, главно поради играта на санкции меѓу Русија и Западот и потрошените средства за решавање на судски спорови.

Нето добивката на компанијата за 2014-та година се намали до 157 милиони евра од малку над 308 милиони евра од една година порано, објави „CNBC“. Aнкетираните аналитичари од страна на „Ројтерс“ прогнозираа чиста добивка во износ од 531 милиони евра.

Од „BNP“ посочија дека резултатите биле погодени од еднократните ефекти во износ од 7.4 милијарди евра, вклучувајќи 6 милијарди евра за судски спорови во САД. Сепак Ларс Маченил, главниот финансиски директор на „BNP“, истакна дека банката има „мотор на раст“.

„Ако се погледне во нашите домашни пазари како целина, има некое негативно влијание, но се разбира, тоа се компензира со трошоците. Нашиот бизнис со банкарство на мало оваа година се справи многу добро“, вели Маченил.

Во јули 2014-та година, „BNP“ се изјасни за виновна во кршење на санкциите на САД спрема Судан, Куба и Иран и се согласи да плати речиси 9 милијарди долари по договорот со американските власти.

Обвинителите ја обвинија банката за финансиски операции во вредност од милијарди долари во земји кои САД ги исклучуваат од листата со трговските партнери поради кршењето на правата на човекот, поддршка за терористичките организации и други проблеми поврзани со националната безбедност.

Гледајќи напред, Маченил рече дека банката ќе се соочува и со други предизвици.

„И покрај сето тоа, ако се погледне во тоа со што располагаме за 2015-та година, можете да видите некои противтужбите, ниските каматни стапки, слабиот раст на БДП и други“, додаде уште Ларс Маченил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП